Резервирај сега
hotel-vlaho-skopje-mk hotel-vlaho-skopje-mk hotel-vlaho-skopje-mk

Хотелски капацитети

Како да стигнете кај нас

World Class Pick Up

Превоз од светска класа

Хотел Влахо ви нуди линиски превоз до локалниот аеродром.

Цена: 20 евра

Изнајмете автомобил

Хотел Влахо ви нуди услуги за изнајмување на автомобил.

Листа на автомобили што може да се изнајмат:
1. BMW x6 3.5 Xdrive
2. Volkswagen Touareg
3. Audi A5 Diesel
4. Passat 2017
5. Skoda Octavia 2017
6. Opel Astra Automatic 2017
7. Golf 7 2016
8. Fiat Tipo Sedan 2017
9. Opel Corsa 2017
10. Skoda Fabia 2017
11. Volkswagen Up Automatic 2017
12. Fiat Grande Punto
13. Seat Ibiza
14. Mercedes Vito 2017 (7+1)

Balkan rent a car Balkan rent a car

ТУРИ

Premier apartment

ТУРА НИЗ ГРАДОТ СКОПЈЕ

Скопје е главниот град на Македонија. Голем дел од градот е одново изграден бидејќи многу згради беа срушени во земјотресот од 1963 година. Една од најголемите атракции во Скопје е Старата скопска чаршија. Чаршијата е полна со продавници и ресторани. Тука се наоѓа и црквата Св. Спас и најголемиот дел од спомениците од ерата на отоманската империја.

Premier apartment

ТУРА НИЗ КАЊОНОТ МАТКА

Посетете ја црквата Св. Пантелејмон и милениумскиот крст на планината Водно каде ќе добиете панорамски поглед на градот Скопје и убавиот пејсаж на околните планини и нивните зелени долини. Потоа турата продолжува до Кањонот Матка каде ќе имате можност да уживате во многуте удобности на кањонот. Посетителите може да ја посетат и најдлабоката пештера Врело.

Premier apartment

ТУРА НИЗ МАКЕДОНСКИТЕ ВИНАРИИ

Приказната за македонското вино е приказна исполнета со безброј карактери, вкусови и тајни рецепти што се пренесуваат традиционално низ вековите од генерација на генерација. „Приказната нема ни почеток ни крај“ – ова е изјава на македонските винари кои се многу горди на својата традиција на одгледување лозови насади од многу различни и уникатни видови на грозје и производство на вино.

Premier apartment

ТУРА ДО ОХРИД И ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

Навистина е мистериозно како градот Охрид со своите 365 цркви – по една за секој ден од годината, признаен како светско наследство од Обединетите Нации, со езеро заштитено од УНЕСКО, прекрасни плажи и многу ниски цени може да остане толку добро сокриена тајна за Западните туристи. Градот е сместен покрај Охридското езеро и ви дава чувство на ладна медитеранска клима и кристално чиста вода, плажи со ситни камчиња и насади со лубеници покрај патиштата.

Галичник е едно од најубавите места во Македонија. Се наоѓа во падините на планината Бистра и е центар на Мијачкиот регион. Препознатлив е по архитектурата, но и по Галичката свадба која се одржува на 12 јули, на празникот Петровден. Меѓу другото, Галичник крие прекрасни пејсажи, планински предели кои можете да ги доживеете уште повеќе, ако го прошетате регионот на автентичен начин – јавајќи на коњ. Доколку имате желба, пријавете се за една од турите кои се организираат со специјален водич.

Local attraction Local attraction Local attraction
Wine promotion

Вино во соба

Кај нас гостите секогаш се на прво место. Затоа за добредојде, сакаме да бидете истретирани како што треба. Уживајте во пријатниот вкус на топлото добредојде со црвено вино или пак бело вино кое ќе ве очекува штом пристигнете во собата.

Испрати емаил за вино во соба

Промоција – бесплатен фитнес тренинг

Веднаш до хотелот има фитнес центар, кој е одлично место за сите ентузијасти подготвени за предизвици. Ви даваме можност да добиете бесплатен фитнес тренинг – одличен начин да се почне или заврши денот.

Oстанете во форма!

Испрати емаил за фитнес промоција

Fitness training
Airport transfer

Промоција – бесплатен превоз од и до аеродром

Патувањето може да биде напорно. Затоа потребно е да имате организиран превоз веднаш штом ќе пристигнете на вашата дестинација. Ние нудиме бесплатен превоз од аеродром до нашиот хотел кога ќе доаѓате. Другата опција е да добиете бесплатен превоз по завршување на вашиот престој од нашиот хотел до аеродром. Изборот е ваш.

Испрати емаил за промоција со бесплатен превоз од и до аеродром

Цвеќиња во соба

Како дел од нашата понуда е топлото добредојде во апартманите и собите. Цвеќето е секогаш добар избор бидејќи дава чувство на топлина и посебност.

Испрати емаил за цвеќиња во соба

Flowers
Honeymoon

Промоција за меден месец

Медениот месец е еден од најубавите периоди. Токму затоа ние сакаме нашите гости да го поминат незаборавно и да се почувствуваат посебно. Ужувајте во слатката понуда за добредојде и дозволете да ве изненадиме.

Испрати емаил за промоција за меден месец

Промоција за благовремено резервирање

Нудиме попуст за сите оние што сакаат благовремено да си го организираат својот престој. Резервирајте го вашиот престој, искористете го попустот и опуштете се во нашите соби и прекрасниот амбиент што ве опкружува.

Испрати емаил за промоција за благовремено резервирање

Early booking
Last minute

Промоции за резервации во последен момент

Без паника! Резервирајте веднаш и искористете го попустот за резервации во последен момент.

Испрати емаил за промоции за резервации во последен момент

Промоција со бесплатна вечера – Вкусно и бесплатно

Нема ништо поубаво од споделување на пријатни мигови со вашиот партнер или пријателите, особено кога тие моменти се збогатени со нашата вкусна македонска кујна која ги отвора и задоволува сите ваши сетила. Резервирајте и уживајте во бесплатната вечера.

Испрати емаил за промоција со бесплатна вечера - Вкусно и/а бесплатно

Dinner
Rental bike

Промоција со бесплатно изнајмување на велосипед

За сите љубители на спортот и рекреацијата, земете ги вашиот партнер и пријатели и релаксирајте се во природата што ве опкружува. Уживајте во погледот што ве опкружува. Природата ве повикува!

Испрати емаил за промоции со бесплатно изнајмување на велосипед

Галерија

Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image

НПП

Колку соби има хотелот?

Хотел Влахо има 17 соби на 5 ката.

Колку луѓе можат да престојуваат во секој тип на соба?

Економични Соби – Максимум 2 луѓе
Стандард Соби – Максимум 2 луѓе
Делукс Соби – Максимум 2 луѓе
Супериор Апартман – Максимум 3 луѓе
Делукс Кралски Апартмани – Максимум 3 луѓе
Сите соби се наместени со двоен кревет, но уредувањето со посебни кревети може да се избере како опција во процесот на онлајн резервирање на соба.

Дали е вклучен појадокот во цената на собите?

Појадокот е вклучен во цената на собите.

Кои се димензиите на креветите?

Кралски кревет (Super King Size): 180 х 210см
Кралска кревет (King Size ): 160 х 210см
Брачен кревет (Double bed): 160 х 200см; 150 х 200см
Единечен кревет (Single bed): 90 х 210см; 80 х 210см; 80 х 200см.

Дали се достапни кревети за бебиња?

Креветите за бебиња се достапни бесплатно.

Во колку часот е приемот/одјавата?

Приемот е по 14:00 часот, а одјавата е пред 12:00 часот. Гостите може да побараат да се одјават подоцна утрото кога треба да се одјават, доколку има можност за тоа.

Дали има остава за багаж во хотелот?

Нашиот хотел има остава за багаж достапна на денот на пристигнување и заминување, за времетраење на денот.

Дали има ресторан во хотелот?

Имаме сопствен ресторан во хотелот и нудиме повеќе видови пијалоци во лоби барот.

Дали има безжичен интернет во хотелот?

Има достапен бесплатен безжичен интернет во хотелот. Лозинката за безжичниот интернет е достапна во собите.

Дали хотелот нуди услуги на перење/пеглање облека?

Хотел Влахо нуди услуги на перење/пеглање облека. За повеќе информации обратете се на Рецепцијата.

Дали се достапни такси услуги и превоз од/до аеродром?

Хотел Влахо нуди такси превоз и превоз од/до аеродром како дополнителни услуги за своите гости.

Дали хотелот нуди некои други дополнителни услуги?

Хотел Влахо нуди повеќе дополнителни услуги кои можат да се разгледаат во менито ПОНУДИ.

Дали хотелот има паркинг?

Хотелот нуди приватен бесплатен паркинг за гостите, достапен по барање.

Настани

Недела на дизајн во Скопје
Многу изложби, концерти, дегустација на пијалоци и храна! Презентации на дизајнери од Германија, како и работилници за деца и возрасни!
Дружење за сите генерации, во Јавна Соба и Лукс, од 21. до 25. ноември.
Влезот е слободен.

Events

Cinedays 2018
Повеќе од стотина филмови селектирани во неколку програмски целини ќе бидат прикажани на 17. Меѓународен фестивал на европски филм „Синедејс“, кој под мотото „Збогати се преку ноќ“ од 8 до 18 ноември, во организација на Младински културен центар, ќе се одржи во Скопје.
Целосната програма на следниот линк - http://cinedays.mk/mk

Events

Задоволните клиенти рекоа за нас...

„Топла препорака за сите. Љубезен и секогаш добро расположен персонал. 24 часа на располагање. Дизајн на целиот ентериер, направен по мерка и потреба на гостите. Совршено чисто и удобно во мирен крај без бука. Обилен доручек, светски, кој постојано се дополнува и бесплатен паркинг.“

За својот престој во Хотел Влахо Андријана Симиќ од Србија вели:

„Кога стигнавме во хотелот не пречекаа на топол и пријателски начин. Тоа беше нашата прва посета во Македонија и затоа имавме толку многу прашања а персоналот трпеливо ни одговори на секое прашање, хотелот беше прекрасен.“

За неговиот престој во Хотел Влахо Г-дин Тајфун У. вели:

„Прекрасен хотел со многу чисти соби и пријатен амбиент во објектите. Централната локација во комбинација со цената се апсолутно одлични.“

За неговиот престој во Хотел Влахо Г-дин Arndt Wünscher вели: